Од една страна идентификација на голем број на малигни појави кои го разјадуваат ова Македонска општество, а од друга страна стиховен и музички крик на авторите на песната “Лажна Демократија” на Стиховен Калибар и Килибарна Лисица.
Македонската реалност никогаш не била поразурната од она што денес го живеат граѓаните на Република Македонија. Токму ваквата девастирачка и поразителна состојба се чини е главен лајт мотив во една од најистурените теми на албумот “Модерни Робови” на Горан Јанкуловски ака Стиховен Калибар кој што беше објавен пред неколку недели. Но пресликувањето на суровата реалност не е цел само по себе туку инспирација и надеж за пораз на ваквата состојба. Авторот нема храброст само да ги покаже јавно и со збор сите недостатоци и маани на денешнината во Македонија, туку и да повика на бунт против нив.
Евидентно интензивна стиховно-музичка лектира за идентификација на времето во кое живееме, која малку помудри глави од нашите во иднина веројатно ќе знаат да ја читаат на вистинскиот начин.
Музичката тема во песната која стои како моќна поткрепа на лириката на авторот, е заразна но на местото на сите “пандемии”, “епидемии” и “здравје во шише” таа истовремено е и лек за болката на ова веќе омалаксано Македонско ткиво.
…”Кога тиран те гази правдата е неизвесна
Дојдено е времето за будење на свеста”….
-ќе упати порака Горан кон сите заспани клиенти во овој смрдлив бордел.
Оваа песна како и албумот на кој се наоѓа е најпластичен пример дека музиката не треба да служи само за забава, лумперајки и декаденција, туку дека може да биде моќна алатка за инспирација и борба за подобар живот!
Послушајте, контемплирајте и превземете нешто!
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Свежина на современата музичка сцена: Суперхикс со свој Анплагд Концерт во Скопје
Halloween – празник на нечистите сили
Видео запис на песната “Портрет на човекот страдалник” на Филип Јездиќ и вокал на Наташа Седлоска