БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соборското оро “Копачка” од с. Драмче денеска го прослави 5 годишниот јубилеј од заштитата во УНЕСКО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По којзнае кој пат грмнаа тапаните… Засвире ќеменето, се заигра соборското оро “Копачка”… Членовите на ЗФГ “Копачка” с. Драмче се наредија во бескрајниот вез на ова соборско оро кое од памтивек го игра пијанечкиот народ на сите собори, прослави и посебни пригоди до ден денес.

Денеска Соборското оро “Копачка” од село Драмче го одбележа 5 годишниот јубилеј од запишувањето на репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријални културни наследства на човештвото.

Програмата започна со дефиле по улиците во централното градско подрачје во Делчево а продолжи со пригодна свеченост во Спомен домот АСНОМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Живата легенда на Македонскиот фолклор Димитар Узунски во свое обраќање пред присутните ги истакна своите најдраги спомени од неуморното долгогодишно работење со Копачката.

Посака како свој аманет за младите генерации орото да опстои во својата изворна форма уште многу години.

На настанот беше промовирана книга ” 5 Години Копачката во УНЕСКО” чиј автор е Перса Стојановска која е секретар на ЗФГ “Копачка” с. Драмче.

Промотор на ова издание кое од денес се вбројува во редот на големиот број и бележити останати публикации за Копачката беше Миле Ѓорѓијоски.

Во рамки на културно-уметничката програма на настанот настапија покрај домаќинот ЗФГ “Копачка” с. Драмче и членовите на КУД “Русалии” с. Секирник, струмичко, ФА “Китка” Истибања, Фондација “Леб и вино” Сандански, Бугарија, Народно читалиште “Петар Берон” с. Лебница, Сандански, Група за автентичен фолклор при читалиштето “Иван Чаушки” од с. Логодаж , Бугарија.

На настанот беа доделени пригодни признанија на повеќе поединци кои дале свој допринос при процесот за зачувување на Копачката во УНЕСКО.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace