Пратениците Бојан Стојаноски, Дафина Стојаноска и Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ имаа работна средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на која се согласиле дека работниците од јавниот и од приватниот сектор треба да фобијат помош од државата за што побезболно надминување на ефектите од актуелната финансиска криза која пополека се претвора во егзистенцијална.
“Денеска заедно со колегите Никола Мицевски и Дафина Стојаноска имавме средби со Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).
На средбите се согласивме како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за “Обнова на Македонија” да ги поднесеме следните амандмани:
Со амандманот на ССМ се предлага да се обезбедат средства во ребалансот за од 01.07.2022 година да се зголеми основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон.
Во зголемува на основната плата од ССМ бараат да бидат вклучени и институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата.
КСС предложи амандман да се обезбедат средства во висина од 1,000,000,000 (една милијарда денари) за финансиска поддршка за вработените во приватниот сектор и тоа:
за вработените кои имаат нето плата од 18,000 до 21,000 денари, три месеци по 3,000 денари и
за вработени кои имаат нето плата од 21 до 24,000 денари, три месеци по 2,000 денари.
Причината за ваквите барања е огромната инфлација и неможноста на најсиромшаните работници да ги сервисираат своите животни трошоци во месеците кои следуваат и да се подготват за тешката зима, а од друга страна и да се поттикне потрошувачката со што и бизнисот би имал корист.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за “Обнова на Македонија” е отворена за соработка со сите граѓани кои сметаат дека можеме да им помогнеме.
Ги повикуваме сите пратеници да ги поддржат овие амандмани и да му помогнеме на чесниот работник кој живее во Република Македонија.
“
-соопшти пратникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта