Денеска Претседателката на Република МАкедонија Гордана Сиљановска Давкова реализираше работен состанок со амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир, Швајцарската амбасадорка во Скопје Вероник Улман како и Украинската амбасадорка Лаиса Дир.
На средбата било разговарано за повеќе теми а претседателката на Македонија добила покана за претстојниот Самит за мир во Украина кој што ќе биде реализиран на 15 и 16 јуни во Швајцарија.
“Средба со украинската амбасадорка Лариса Дир, швајцарската амбасадорка Вероник Улман и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Благодарност за поканата од претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, за мое учество на Самитот за мир во Украина, што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.
Претстојниот самит претставува добра можност за обезбедување платформа за дијалог за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.”
-напиша во врска со овој состанок Претседателката Сиљановска Давкова на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!