БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проблемот на државна хирургија сведен на “лоша миризба”, министерот на СДСМ/ДУИ не лоцира никаква одговорност

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Нaум Стоилковски во јавноста алармираше за отсуството на одговорност кај водечките кадри на СДСМ и ДУИ под чии што ингеренции се уште функционираат здравствените установи, за состојбата на Клиниката за Хирургија.

“10 дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДС/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно – не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба.

Ниту побара одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста!

Едноставно откри дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија!

10 дена воздухот не бил компромитиран само имал лоша миризба, 10 дена нема операции, салите се затворени, а министерот излегува во јавност без трошка срам затоа што нема одговор.

Чувствувањето на мирис, пријатен или непријатен, е субјективно чувство, а според Демири, анализите покажале некомпромитиран воздух, додека пак операции не се вршат 10 дена. А, по 10 дена нема одговор и не чувствувал вина ниту тој, ниту ннеговите директори, затоа како што вели кусо време бил министер?

Ова почитувани е израз на самоволие, за кое што мора да има одговорност. Хирургија, Клинички, столбот на македонското здравство го рушат во темел, а Илир Демири нема појма што се случува.

Но затоа, Илир Демири е доволно министер на СДС/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок.

bregalnickimarketing

Почитувани, 

Ова е вистинското лице на Илир Демири, но и вистинското лице на СДС/ ДУИ.

Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка!”

-стои во текстот на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот