Во изјава за јавноста денеска претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски најави дека ќе се залага за прогласување на 12 април за ден на Шарената револуција:
Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава:
Денеска е 12-ти април, денот кога почна Шарената револуција.
Кога народот, кога граѓаните во сите македонски населени места, села и градови излегоа масовно да се побунат против криминалната одлука на Иванов, да помилува над педесет мега криминалци од тогашниот режим.
Знаете сите дека, месеци и месеци потоа, сите ние и не само во Скопје, пешачевме километри и километри и се бунтувавме за човекови слободи и права, за рамноправност меѓу сите нас, се боревме за правда, за демократија и за казнивост на криминалците, не за амнестирање.
Извор: СДСМ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот