Светиот великомаченик Димитрија живеел во третиот век по Христос и е роден во Солун. Убиен е во затвор со копје но од голема далечина бидејќи војниците биле преплашени да му се доближат кога виделе дека од лицето му зрачела чудна светлина и без страв се молел на Бога. По неговото убиство, христијаните го погребале неговото тело во црквата што го носи неговото име во Солун. Митровден се празнува на 8-ми Ноември.
Тогаш се сметало дека завршува летниот период од годината, а започнува зимскиот поради собраните плодови, значително намалениот ден и студеното време. Насекаде низ Македонија на Митровден се главувале момоци, селски говедари, овчари,полјаци, но и селски старешини, одборници, коџобашии и.т.н. договор што важел до Ѓурѓовден или следниот Митровден. На Митровден се правеле гозби за главените момоци, овчари и им се исплаќала заработувачката. За многу години овој голем Христијански празник.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера