На улица „Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп, 35-годишниот Н.Б. од Прилеп, управувајќи патничко возило „Сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле две деца сопатници на возраст од две и четири години и биле пренесени во Општата болница Прилеп каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар