БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„МАКЕДОНСКИ МОНОЛОГ” – Избор поезија од Гане Тодоровски на руски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Под наслов „Македонски монолог” , во Москва излезе од печат избор поезиjа од великанот на македонската поезија академик Гане Тодоровски во препев на руски.

Книгата содржи над 50 лирски единици и е билингвална, а ја објави реномираната руска издавачка куќа “У Никитских ворот” (Москва) на инициjатива од Олга Панкина коjа jа состави, преведе и подготви за печатење. Олга Панкина подолго време работеше заедно со Гане Тодоровски во Македонската амбасада во Москва.

Со книгата би сакала да му изразам моја почит на Гане како дипломат, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар, публицист и пред се како ПОЕТ. Уверена сум дека оваа поетска збирка ќе ја збогати претставата на рускиот читател како за неговото исклучително творештво, така истовремено и за вредностите на македонската литература во целина,

-вели Олга Панкина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Поетската збирка ќе биде промовирана во Москва на 14 маj во рамките на проектот „Читај ја Македонија”.

Креирано од:


Пренеси го гласот