БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тресокот кој го разградува нашиот државнички капацитет како Македонски народ

Пренеси го гласот

Слика и прилика за неспособност, незнаење и целосно погазување на се она што треба да биде одговорен и стручен пристап за решавање на проблеми.

Санирање на ДИЛАТАЦИОНА ФУГА на регионален пат НЕ Е зафрканција, туку постапка која што треба да биде спроведена со најголема сериозност од страна на надлежните.

Ваквото маскирање на работниот простор на планумот на патот помеѓу преодната рампа во крилниот ѕид и коловозната плоча на мостот не само што не е решение туку е и штетно од технички аспект затоа што овозможува потенцијални оштетувања на овие два конструктивни елементи на мостот поради издолжување или скратување на бетонот како резултат на температурните промени.

Дополнителен проблем е што со заптивање на дилатацискиот простор се создава потенцијална несоодветна зона за акумулација на атмосферска вода и влага кои дополнително негативно се одразуваат на квалитетот на вградените материјали во конструктивните елементи на мостот.

Оваа проблематична слика му е јасна на секој стручен градежник кои очигледно се помалку ги има во државата. ЗОШТО?

Проектирањето и изведбата на квалитетни дилатациски фуги заедно со сите други конструктивни елементи на мостовите ширум Македонија може да се каже е директна рефлексија на професионалноста иили непрофесионалноста на целото општество и неговиот менталитет. Таа иста рефлексија се наоѓа и кај шахтите долж улиците кои трескаат со секое настапување на тркалото на вашиот автомобил.

Секогаш кога приоѓате на мост со своето возило или на пропадната или подигната шахта тресокот кој го осеќате е звук на неспособност, одлика за целосните импровизации во секоја сфера на нашето секојдневие. Тој тресок создава нервоза секојдневно која нервоза како дамар се претвара во рак рана на нашето секојдневие.

Тој “тресок” е присутен кај секоја дивоградба која ја гледаме, кај секој изграден приватен објект на државно земјиште или земјиште кое нема соодветна урбанистичка рамка за негово постоење.

Истиот тој “тресок” е присутен во диво или несоодветно поставените тенди, настрешници, платформи за масовни собири… Тој “тресок” алармира и предупредува кај секоја изградена улица без атмосферска канализација или улица кај која не е соодветно решено прашањето со одведување на атмосферските води… па имаме свлечишта на цели населби….

Дали ќе дозволиме овој тресок да го убие нашето битие како народ или ќе биде крик за предизвикување на промени, зависи од сите нас заедно и од секој од нас поединечно.

Фото извор: фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот