Денеска со свое соопштение во јавноста се обрати дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој што ја алармира јавноста за намерите на министерот Љупчо Николовски да ангажира лица за огистичка поддршка на Министерот на терен, односи со јавност, графички дизајнер, фотограф, снимател…
Дали овој профил на ангажирани лица ќе ги користи Љупчо Николовски за претсојната кампања што е против законите на државата останува да видиме со оглед на тоа што овие лица не се појавуваат на своите работни места во министерството.
” НИКОЛОВСКИ АНГАЖИРА ЛИЦА ЗА ПОЛИТИЧКА КАМПАЊА ПРЕКУ МЗШВ НА ТЕРЕТ НА ДРЖАВАТА!
Во предизборен период поточно на 14 февруари 2024 година, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Љупчо Николовски, со договор на дело ангажира повеќе лица за период од февруари до мај 2024 година, кои ќе бидат исплатени од буџетските средства на Министерството и тоа 76.000 денари по лице.
Овие лица за кои Министреството нема никаква потреба, се ангажираат како: логистичка поддршка на Министерот на терен, односи со јавност, графички дизајнер, фотограф, снимател итн., и единственото логично прашање е дали овие лица се ангажираат за политичката кампања на СДС во предизборниот период?
Повеќето од овие лица воопшто не се имаат појавено во просториите на Министертвото.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија