енеска во Ресен остварив средба со задругите, земјоделците и јаболкопроизводителите од овој регион.
Ги сослушав сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат во моментов, морам да кажам дека разочараноста е огромна како и негрижата на актуелната власт за земјоделците во Република Македонија.
Недозволиво е заради системски пропуст на министерството над 200 земјоделци да не можат да добијат дополнителни 3 денари за откупено индустриско јаболко, недозволиво е да не им бидат исплатени субвенциите, недозволиво е земјоделците да бидат одбиени за обештетување за штетите од 2018 и 2021 година под изговор дека не биле запазени роковите за поднесување на документацијата, Владата треба да ги помага сите оние кои што сакаат да работат во секторот земјоделство бидејќи Македонија е земјоделска држава, а ние заедно сплотени ќе работиме на тоа да го вратиме македонското земјоделство на вистинските патеки и со тоа да го вратиме достоинството на македонските земјоделци!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава