БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски: Уапсени две лица кои организирале борба со кучиња

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

📌Како држава која се стреми да биде дел од Европската заедница, меѓудругото потребно е да покажеме посветеност и кон хумано третирање на животните, да ја цениме и штитиме нивната благосостојба, како и да ја подигнеме свеста за важноста на односот кон животните и потребата да ги заштитиме од секоја форма на злоупотреба и насилство.

⚠️Во таа насока, по претходна пријава од група на граѓани и здружение за заштита на животни миленици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Тетово, лишија од слобода две лица кои организирале борба со кучиња со што сториле кривично дело “Мачење на животни“ по член 233 од Кривичниот Законик.

📝За наведениот кривично-правен настан обезбедени се докази и по целосно документирање на кривичното дело во консултација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава против сторителите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-фејсбук статус на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace