Кочани беше домаќин на првото издание на спортско-рекреативната трка „Freedom Run Trail“, настан наменет за љубителите на природата, трчањето и на здравиот начин на живот.
Денеска, на Споменикот на слободата во Кочани, од каде што почна трката, се собраа натпреварувачи и граѓани од цела Македонија.
Организаторот Ненад Василев од Кочани истакна дека настанот има за цел да ги промовира спортот и рекреацијата, издржливоста и слободата и да поттикне дружење меѓу учесниците и посетителите.
На трката учествуваа 280 натпреварувачи на различна возраст, кои трчаа по земјена патека од Споменикот на слободата во Кочани, по течението на Кочанска Река до браната Гратче.
По прогласувањето на најуспешните, планирана е забава со познати диџеи.
Настанот е организиран со поддршка од Општина Кочани, приватни компании и граѓани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”