Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

ТВ ФИЛМ: Бог да ги убие шпионите

Пренеси го гласот

Пет века прогонство и борбата на Македонскиот народ за слобода и самостојна Македонска држава во која ќе царува слободата под еднакво за сите, создадоа свој мит и предание за себе. Борбите, страданијата, предавствата и саможртвата подоцна беа преточени и проткаени низ Македонските песни, раскази, приказни и драми. Тргнувајќи од таму Тв Филмот – Бог да ги убие шпионите, кој е снимен од страна на Македонската Телевизија во 1994 година, напишан од страна на сценаристот, д-р Владимир Плавевски, во соработка со режисерот Ацо Алексов точно по еден век од Македонската саможртва ни ги приближуваат настаните од тоа време.

Овој филм е еден од највпечатливите тв проекти од почетокот на Македонската независност.

Со импозантна актерска екипа која е на висина на задачата да го илустрира сценариото кое говори за една навистина болна историска тема која зема своја рефлексија до ден денешен а тоа е предавството како феномен во генезата на општествените случувања на овие простори.

Во главната улога е Васил Шишков кој брилира во портретот на комитата Војдан кој е носител на дејството на целиот филм.

Во филмот може да се проследат и улоги кои ги играат повеќе доајени на Македонското глумиште од редот на Петре Прличко, Илија Милчин, Душко Костовски, Џувалековски итн…

Се на се блескава актерска екипа со убава можност да го погледнете овој филм

Во продолжение пренесуваме повеќе фотографии од филмот:

View this post on Instagram

Сцени од ТВ ФИЛМОТ “Бог да ги убие шпионите” (1993 година МТВ)

bregalnickimarketing

A post shared by News from Bregalnica region (@bregalnicki) on

“Бог да ги убие шпионите”- ТВ ФИЛМ (Јули, 1993 година)

Режија: Ацо Алексов

Сценарио: Владимир Блажевски, Владимир Плавевски

Улоги: Васил Шишков, Благоја Спирковски- Џумерко, Илија Џувалековски, Душко Костовски, Тодор Николовски, Бајруш Мјаку, Петре Прличко, Илија Милчин, Киро Ќортошев, Петар Арсовски, Џемаил Максут, Мустафа Јашар, Александар Шехтански, Салаетин Билал.

Продукција: МТВ

Креирано од:


Пренеси го гласот