БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: НУЖНИЦИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Требаше да се појави ковидот, па да сфатиме во каква мизерија живееме. Додуша, не да не знавме за неа, туку досега не ѝ го пружавме нужното внимание. Конечно, помеѓу другото, продре во нашата свест сознанието во каков систем и во какви објекти се школуваат и образуваат нашите деца. Доволно е само да се погледаат училишните н у ж н и ц и.

Намерно го употребувам зборот „нужници“, ризикувајќи на некоја префинета и нежна душичка, зазвучел дегутантно, бидејќи нужниците не се прават заради нечиј ќеф или за задоволување на луксузна потреба, туку се прават заради нужда. Затоа и се нужници. Ако нужниците – значи тоа што треба да задоволи една елементарна човекова потреба – се во ваква состојба, тогаш само можеме да си замислиме како изгледаат останатите нешта во оваа недржава, како и начинот на кој се задоволуваат другите човечки потреби.

Во меѓувреме, со видео обраќање, се јави Филипче.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Господинот бара граѓаните (што значи, неродот) да имале разбирање и подршка за владините одлуки, неводејќи сметка дека работите стојат обратно – не постои народот да ја разбере и поддржува власта, туку власта постои да ги разбере и поддржи потребите на народот, бидејќи, ако се продолжи вака, сѐ повеќе ќе запаѓаме во заслепувачки светлата иднина. Сепак, и понатаму, Европа не ја вадат од устата.

https://www.facebook.com/LjubomirCuculovski/posts/1665136670318302

Креирано од:


Пренеси го гласот