Во целиот хаос кој со години трае и се засилува; во кој не се почитуваат ниту законите, ниту Уставот; во кој се доделуваат и спојуваат функции кому како ќе му текне; во кој се потпишуваат и „ратификуваат“ секакви договори и спогодби; во кој… Во сиот овој хаос и самоволие, вчера (кога требаа да се спојат премиерската и министерската функција во една персона) за првпат се јави државен орган (Антикорупциската комисија на Република Македонија) кој, повикувајќи се на Законот за антикорупција (член 44) одлучно му кажа на Заев дека тоа не може да си го дозволи.
И тој, исто како и оние кои стојат зад него, за п р в п а т се повлече! Некој ќе рече дека тоа е само мал зрак, среде сиот хаос. Можеби. Сепак, не смее да се изуми дека од негде и од н е к о г о мора да се започне со воведување ред и ограничување на самоволието, макар било и симболично.
Во оваа смисла, потегот на Антикорупциската комисија е за поздравување. Конечно, неслучајно се вели: „Капка по капка, чекор по чекор…“

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!