На Универзитетот во Берлин (1822-1831) Хегел ги држел предавањата по филозофија на историјата. Достапни ни се благодарение на неговите студенти (кои ги запишувале), како и на неговиот син Карл, кој покасно ги средил, споредувајќи ги со белешките на неговиот татко. Меѓу другото, Хегел вели:
„… треба да се каже дека примерите на доброто ја воздигаат душата и дека треба да се применуваат во моралното воспитување на децата, за да им се всади тоа што е вредно; сепак, судбините на народите и државите, нивните интереси, состојби и заплетканост се поинакво подрачје… Искуството и историјата учат дека народите и владите никогаш ништо не научиле од историјата и дека никогаш не постапуваат според сознанијата, кои можат во нив да ги најдат.“
На ова, само би додал – ако нешто и научиле, научиле погрешно.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција