МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 14 Гевгелија, 11 Претор, 10 Д. Капија, Битола, Струмица, Охрид, 9 Штип, Тетово, Скопје-З.Рид, 8 Виница, Пожаране, Кр. Паланка, Тополчани, Берово, 7 Прилеп, 6 Ѓуриште, 4 Лазарополе, 3 Маврово.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 17 часот: 2 Тополчани, Пожаране, Маврово, Д. Капија, Охрид, Прилеп, 1 Тетово, Лазарополе, Кр. Паланка, >0 Виница, Струмица, Битола, Штип, Скопје.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во западните и северните делови. На повисоките планини на север имаше повремени врнежи од снег. Дуваше слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер, со брзина од 40 до 60 км/час.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Претежно облачно и студено со повремен слаб дожд, на повисоките планини со слаб снег, а кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура од 2 до 8, а максималната од 10 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура 5, а максималната до 14 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во четврток и петок ќе преовладува сончево и значително потопло време, но утринските температури ќе бидат пониски, во интервал од -2 до 7 степени. Нов влажен и студен бран се очекува во сабота коге ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени врнежи со послаб интензитет.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција