Градежната сезона во Штип продолжува ! Надлежните градежни екипи ангажирани од општина Штип се на терен и работат на целосна рекострукција на еулицата “Браќа Даневи” во населбата Автокоманда.
Откако претходно беа завршени активностите за реконструкција на водоводата и канализационата комунална инфраструктура, деновиве започна со раскопување на стариот коловоз кој што се состоеше од гранитна коцка.
По стабилизација на тлото н улицата согласно временските услови ќе се премине на фаза а асфалтирање на улицата, со што граѓаните ќе добијат подобри животни услови.
“По извршената промена на водоводната и канализациона подземна мрежа на ул.Браќа Даневи, од денес се започна со вадење на постоечката коцка, тампонирање и трасирање на улицата.
Очекувам во наредните денови да се завршат сите припреми за нанесување на првиот асфалтен слој во согласност со временските услови.
Населба Автокоманда заслужува да добие модерен, функционален и урбанизиран изглед.”
-информираше градоначалниот на општина Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“