Неопходно е уште на самиот почеток на мандатот на новата локална власт да се пристапи кон иницирање на релевантните постапки за реализација на функционални решенија за олеснување на сообраќајниот проток на возила, а коишто дел се веќе утврдени и со генералниот урбанистички план на градот, усвоен во 2016 година.
Време е конечно тие да бидат реализирани.
Оттука, ги нудиме следниве квалитетни и реално остварливи проекти:
Ревизија на постоечкото решение за ул. „СтевоТеодосиевски“, кое не обезбедува одржливо решавање на проблемот и понуда на ново посоодветно
Изградба на катна гаража во центарот на градот преку транспарентна постапка на јавна расправа за утврдување на најпогодната локација и преосмислување на постоечките паркинг простори
Нов јужен влез во градот од страна на обиколницата којашто е дел од магистралниот пат А3
Изградба на два нови сообраќајни мостови – еден кај џамијата и друг за поврзување на улиците „Вера Которка“ и „Лазар Андонов“
-соопштение на Кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Папазов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово