Истражувања кои се направени на Универзитет по медицина во САД се доближија до воодушевувачки заклучоци. Излегувањето наутро на сонце, изложувањето на телото на првите утрински сончеви зраци помага да се намали телесната тежина. Во истражувањето учествувале 60 учесници со времетраење од 7 дена.
Учесниците на себе носеле рачен монитор кој ја следел нивната изложеност на утринска светлина и секој ден запишувале каква храна внесуваат и како се движи нивното слабеење. Кај сите учесници било воочено намалување на килограмите. Научниците се сигурни во две причини.

Првата причина е дека утринското изложување на човекот на сонце го изедначува целиот внатрешен биолошки систем на организмот, секако ако природниот распоред на спиење е во нормала, каде човечкото тело природно ги уништува вишокот килограми. Втората причина е таа што утринските сончеви зраци се многу посилни отколку попладневните ( иако е најтопло) или вечерните, каде ритамот на човечкиот организам започнува во нормален тек.
Сето тоа е магија на човечкото тело и начин на функционирање, објаснуваат истражувачите. Утринското кафе или чај , на тераса или во двор нека ви биде вашиот утрински здрав ритуал.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ