(На Никола Јонков Вапцаров)
Во градот на Делчев квечерина
Раздвиженост на стари и млади
Пред твојата бела биста застанувам
За судбата твоја црна си спомнувам
Нешто ме притиска ме стегнува в гради
Пред твоето величие се поклонувам
Песните твои ги шепотам ги повторувам
За земјата твоја и моја
За земјата наша а туѓа
За борбата безмилостно жестока
За борбата што криела епичности
За морето и за машините
За Пирин и за војводите
За славните личности
За минатото за иднината
За растрелот твој за новиот строј
И за љубовта кон татковината
Понекогаш в сонот што ни иде
Македонија била и ќе биде.
Пишува: Васил МАНЕВСКИ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот