В црна мантија поп со црвен барјак
Пред сурија боси нозе и гладни усти
Кај Калаѓерево проповед држи.
Во Разловци камбаните sвонат
Кориите од Обозна враќаат ек
Мажи пцујат, жени колнат.
Облачно небо грми кобно
Лакоми јазици црвени и црни
Плитарите ги голтаат злобно.
Во Разловци горат амбари и куќи
Од под праговите разлокани
Трескаат бомбите – солунки.
Горат и запалените рабуши
Со долговите наши и таткови
Со долговите дедови и прадедови.
Еден поп без мантија
Наместо иконата Исусова
Пушката берданка ја целива.
За крвавите потоци благослов бара
Бара правда и слобода мила
Над родните предели, над Македонија.
Пишува: Васил МАНЕВСКИ
(Од стихозбирката ЗАД ТВОЈОТ СОН 1980)


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации