БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Васко Ефтов не гледа каде “пука” во неговата последна емисија, и глеј чудо во неговите кажувања паѓаат сaмo противници на Зоран Заев и актуелната власт

Пренеси го гласот

Јутјуберот Васко Ефтов во последната негова емисија “Во Центар” емитувана (синоќа 05.09.2021 година во 22.00 часот) преку социјалните мрежи во екстремно висок тајминг од терминот на емисијата зборува за опозициските партии во Македонија, почнувајки од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, за претставници на Македонската дијаспора и други поединци и организации кои се спротивставуваат на штетните политики на актуелната власт која што е најодговорна за состојбите во државата.

Со тоа јутјуберот Ефтов пред почетокот на својата нова сезона емисии, давајки си улога на т.н. преторијански гардист на Зоран Заев и режимот кој ја турна Македонија во катастрофата во која живеат но и умираат Македонските граѓани, Васко Ефтов во оваа своја емисија нема ни збор да каже за Зоран Заев, за Венко Филипче, за Оливер Спасовски, за Мила Царовска, за Стево Пендаровски.

НЕ! Васко Ефтов зборува за тоа кој ги организирал протестите против неправдите извршени токму од актуелната власт врз уставобранителите, зборува за Боби од Канада, за кандидатите за градоначалници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ како немале според монологот на Ефтов капацитет за тоа што го работеле и за тоа што имаат намера да го работат. Во време кога сериозно се зема залет пред локалните избори на кои што ќе се дефинира иднината и развојот или неразвојот на општините во Македонија во наредните 4 години, јутјуберот Васко Ефтов во емисијата пушта димна завеса за национал-емотивни теми кои што немаат врска со локална политики и претстојните избори.

Не зборува Васко Ефтов за неуспесите, лагите и измамите но и криминалите на актуелните градоначалници на СДСМ што би било навистина тема “Во Центар” како што е името на неговата емисија, тој зборува за коалицијата на опозициските партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ, притоа (ВИДИ ПРОФИ НОВИНАРСТВО) нема ни збор за коалицијата на Зоран Заев со ДУИ и со БЕСА и нивните дилови низ општините ширум државата. Зошто?

И како врв на шлагот на тортата што Васко Ефтов ја продава а која треба да ја проголта народот е дека Сашо Мијалков и покрај сите конфронтации со актуелното раководство сепак работел за Христијан Мицкоски…. Мериот конгресот не бил Мериот конгрес…

-Манипулација преку претпоставка и шпекулација! Тоа е стилот кој стана препознатлив за оваа емисија. во т.н. анализи…

Па како овошје на шлагот на оваа торта јутјуберот Васко Ефтов дефинира свои аргументи дека всушност Зоран Заев работел за Христијан Мицкоски кој го нарекува министер за опозиција во владата на Зоран Заев.

Во текот на емисијата Ефтов го најавува Зоран Заев дека ќе делел пари за изборите во октомври во екстремно високи суми, со што го најавува патот за поткуп на граѓаните во интерес на опстојување на политиките на СДСМ и Зоран Заев.

bregalnickimarketing

Ваквото испревртување на тези, факти и реалност со некакви умислени сценарија со многу шпекулации и претпоставки кои немаат вредност на фактичност, наративот на Васко Ефтов е разбирлив и можеби достоен за социјалната мрежа Јутјуб која што плаќа по клик и преглед на објавените видеа, но е далеку од суштинска анализа во корист и интерес на граѓаните на Македонија.

Гледајки ги фактите во очи, Македонија трепти под ударот на неспособоста и штетните политики на Зоран Заев. И секоја суштинска анализа без да ги содржи клучните аргументи и ставови за надминување на оваа мрачна реалност која ја живееме е само турбо-фолкерски романтизам и продавање “пуфки” на јавноста.

Фала-Пријатно!

Пишуава: Анастасов Кирчо

Креирано од:


Пренеси го гласот