БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Правдата во Македонија е изедена

Пренеси го гласот

Партискиот прогон на политичките неистомисленици во Македонија во изминатите повеќе од 4 години стана препознатлив белег на власта предводена од Зоран Заев. Прогоните на припадниците на државната администрација по основ на политичка припадност врз лицата кои се декларирани симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сеуште секојдневие за овие луѓе кои мораат да патуваат по повеќе километри во други населени места различни од нивното првобитно место на работа во институциите.

Дополнително молкот на судско-обвинителските инстанци за огромен број на афери кои што во минатото ја тресеа македонската јавност и неефикасноста во самите судски процеси дополнително ја реди државата во редот на хибриден режим според голем број на светски релевантни институции кои што ја констатираат ваквата состојба.

Институционалната корупција никој не ја негира, но што е уште понедозволено за истата воопшто и не се зборува од страна на надлежните власти кои што се платени со пари на граѓаните да ја сузбијат истата.

Покрај високата институционална корупција, постои и т.н. корупција на пониско ниво во локалните заедници ширум државата.

Во општините во Брегалничкиот регион е нормална работа кога граѓанин кој сака да реализира одредено свое институционално право да побара помош од некој познаник, роднина или партиски соработник. Впрочем се смета за општествена стигма доколку граѓанин оди по нормален пат за да извади некој документ кој му е потребен и не побара помош од службеникот надлежан за неговиот случај преку различни канали на коруптивно дејание. Оттука се јавува своевиден натпревар кој што е претворен во општествен тренд за тоа кој граѓани подобро ќе се додвори на актуелниот локален моќник чија што моќ извира од граѓаните преку мандат доделен на избори.

Ваквата состојба е директен индикатор на нивото на развој на општествената свест и демократијата во државата, што го условува севкупниот развој на државата но и стандардот на секој поединец.ж

Има многу што да се менува во тој правец!

bregalnickimarketing

Протекционизмот раѓа неспособност, неспособноста раѓа стагнација и уназадување а сите овие појави резултираат со сиромаштија и беда.

До кога?

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот