Со планинарски марш до Туристичкиот локалитет Голак општина Делчево вчера ја одбележа 79 годишнината од Февруарскиот поход.
Пред спомен плочата на Февруарскиот поход во дворот на руинираното некогашно детско одмаралиште, делегација на општина Делчево предводена од Градоначалникот Горан Трајковски положија букет свежо цвеќе и се поклонија во чест на загинатите партизани- учесници во Февруарскиот поход- воена операција со која се дефинираше победата на Македонскиот народ против Бугарскиот фашистички окупатор во Втората Светска Војна.
Снежната покривка на Голак изминатите повеќе недели е примамлива цел за рекреација за голем број посетители- љубители на природата и зимските убавини, па така и во изминатиот викенд можеа да се забележат голем број граѓани од сите возрасни генерации- претежно помлади на планината Голак.
Недостигот на квалитетни содржини како туристичка понуда на Голак е голем проблем за овој Туристички локалитет кој што потенцијал е еден од основните предуслови за развојот на туризмот во Делчево но и пошироко во регионот. Недостигот на реализација на сериозни капитални проекти и континуирана и посветена работа за развој на планината Голак е пракса која што наредниот период мора да се надмине.
Реконструкцијата на регионалниот пат Делчево- Голак која заврши во 2016 година беше направена со цел за понатамошен развој на Голак, но потоа како да стагнираше било каков развој на Голак.
Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски во неколку наврати ветуваше разно-разни проекти и инвестиции за Голак, но до ден денес сето тоа остана на празни зборови.
Руинираното некогашно детско одмаралиште кое што во 2015 година беше предадено на користење на тогашната локална власт во Делчево до ден денес останува да сведочи за убавите моменти кога Голак беше исполнет со детска смеа, но и за негрижата на локалните власти за заживување на оваа планинска убавица.
За ваквата неповолна состојба со планината Голак во континуитет наназад реагираат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево со цел реакциите да стигнат до надлежните служби а пред се до градоначалникот Трајковски….
“До кога локалната и централната власт на СДСМ ќе го игнорираат Голак
Веднаш позади спомен-плочата на Февруарскиот поход на која вчера градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски имаше положување на свежо цвеќе се наоѓа и веќе разрушеното Детско одмаралиште “Голак” за кое Трајковски и СДСМ веќе скоро 6 години немаат никакво решение
За одбележување е и фактот дека ниту градоначалникот ниту неговата делегација во своите обраќања пред медиумите свесно одбегнуваат да кажат дека Февруарскиот поход бил против фашистичките војски на Бугарија, како што е и запишано на самата спомен-плоча
Како и до сега освен понужувачки изјави кон македонскиот народ од страна на високите партиски функционери на СДСМ, друго нема.
За вистински проекти кои се од витален интерес за граѓаните е потребна итна промена на оваа власт на СДСМ“
-стои во последната реакција упатена од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во врска со оваа проблематика.
“
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Влатко Јефтимов и Мирче Павлов прогласени за најуспешни пожарникари во Кочани за минатата година
Потпишан договорот за поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци
Санација и реконструкција на оштетени шахти на коловозите во Кочани