БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Виница лозарството има своја убава традиција, Градоначалникот Петков- дел од народните чествувања на денешниот празник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска по повод големиот Православен Христијански празник Св. Трифун, градоначалникот на општина Виница Миле Петков беше дел од убавата традиија која што во Виница и Виничко се чествува од памтивек.

Традиционалното закројување на виновата лоза со славска погача, во присуство на свештени лица од виничкото архиерејско намесништво на Брагалничката Епархија е белег за овој ден помеѓу домаќините кои што одгледуваат грозје за своја душа но и за ќејф на многумина вински сладовкусци низ Европа и светот.

Градоначалникот Петков на денешниот празник им посака богат род на сите лозари во виничко, здравје, среќа и бериќет за сите граѓани на Виница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Честит празник и за многу години да ни е Свети Трифун, заштитник на лозарите и градинарите.

На сите верници кои го слават овој христијански празник им посакувам многу здравје, среќа и бериќет.

На сите лозари и градинари им посакувам богат и квалитетен род и успешна година, виничкото вино да го има во поголеми количини на домашните, но и на трпезите на граѓаните во Европа и светот.”

-соопшти Градоначалникот на Виница Миле Петков по повод денешниот празник Св. Трифин- Заштитник на лозарите и градинарите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace