Оваа учебна година воведовме изборен предмет сексуално образование, со наставна програма во која има теми за семејството, репродуктивното здравје, заштита од сексуално преносливи болести и несакана бременост, рамноправност меѓу половите, недискриминација и слично. Ова се теми кои имавме добра намера – децата да ги изучуваат во период од животот во кој всушност почнуваат да ги засегнуваат.
Но програмата ја повлековме, по барање на дел од јавноста и ќе направиме детална ревизија заедно со Бирото за развој на образованието, ќе ги разгледаме сите забелешки и ќе видиме кои сегменти предизвикуваат реакции и што би можеле да измениме. Тоа е наша должност како институции и моја како министер – да ги слушнеме сите коментари и сугестии и секако да се потрудиме да подобриме нешто што има простор за корекција и подобрување.
-фејсбук коментар на Министерката за образование и наука Весна Јаневска

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист