Остануваат уште само неколку дена до затворањето на повикот за учество во Local Growth Initiative, иницијативата на Provence Agency за поддршка на малите и средни претпријатија во Македонија преку стратешка комуникација, позиционирање, брендирање и практична поддршка во градењето на нивната пазарна препознатливост.
Повикот е отворен до 14 септември 2026 година, а предвидените капацитети за компаниите што ќе бидат дел од првиот циклус на иницијативата се речиси исполнети.
Local Growth Initiative беше започната со цел да им обезбеди стратешка и практична комуникациска поддршка на домашните компании кои имаат потенцијал за понатамошен раст, но имаат потреба од појасно позиционирање, посилен бренд и поорганизиран пристап кон комуникацијата со своите целни групи.
Во рамки на иницијативата, избраните компании ќе добијат анализа на нивната моментална комуникација, подготовка на комуникациска стратегија, предлог и реализација на пилот комуникациска кампања, како и конкретни препораки за понатамошен развој и јакнење на нивната пазарна позиција.
Проектот се реализира по модел на кофинансирање, при што 75% од трошоците за подготовка и реализација на комуникациската стратегија и пилот активностите ги покрива Provence Agency заедно со своите партнери и соработници, додека избраните компании учествуваат со 25% од вкупната инвестиција.
„Интересот што го добивме во изминатиот период ни покажа дека постои реална потреба од ваков тип поддршка кај малите и средни претпријатија. Со оглед на тоа што капацитетите за првиот циклус се речиси исполнети, ги охрабруваме компаниите кои сè уште размислуваат за пријавување да ја искористат последната недела од повикот и да ни ја претстават својата идеја, бизнис и цели“, велат од Provence Agency.
Повикот е наменет за мали и средни претпријатија кои активно работат најмалку една година, остваруваат приходи и имаат амбиција да инвестираат во понатамошниот развој на својот бизнис.
Заинтересираните компании можат да се пријават со испраќање:
- краток опис на бизнисот;
- официјално име на компанијата;
- цели што сакаат да ги постигнат во наредниот период.
Апликациите се испраќаат на office@provenceagency.net, со назнака:
„Повик за поддршка на мали и средни претпријатија“ – [Име на компанијата]
Краен рок за пријавување: 14 септември 2026 година.
За Local Growth Initiative
Local Growth Initiative е иницијатива за поддршка на мали и средни претпријатија во Македонија, насочена кон унапредување на нивната комуникација, позиционирање и развој на брендот. Иницијативата е иницирана и реализирана од Provence Agency, во партнерство со компании и професионалци кои активно придонесуваат кон развојот на локалното претприемништво.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани