БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ѕвездата на филмот “Клекнат тигар скриен змеј” го донира целото свое богатство

Пренеси го гласот

Ѕвездата на филмот “Клекнат тигар скриен змеј” Чо Јун Фат има големи планови за своето материјално богатство стекнато како ѕвезда на боречките филмови. Тој ќе го донира целото свое богатство во добротворни цели. Причина за тоа е како што вели самиот тој:

Парите не се мои. Јас само ги чувам на одредено време.

Истакнувајки дека парите не се извор за среќа во животот тој додава:

Мојот сон е да бидам среќна и нормална личност. Најтешката работа во животот не е колку пари ќе заработиш, туку како да имаш мирна совест и да го живееш остатокот од животот на едноставен и безгрижен живот.

Чо Јун Фат тежи околу 714 милиони долари и планира сите да ги донира во добротворни цели.

Тој е роден на островот Лима во Хонг Конг од мајка која била чистачка и фармер и татко кој работел на нафтени бродови-танкери кои пренесуваат нафта. Пораснал во фармерска заедница без електрична енергија. Станувал секое сабајле и одел со мајка му да и помогне во продавање на тревки по улиците на градот а во попладневните часови од денот заминувал на нивите каде работел до мрак.

Неговото семејство се преселило заедно со него во Ковлун кога тој имал 10 години а на 17 години го напуштил училиштето за да помага во прехрана на семејството работејќи најразлични работи: поштар, таксист, продавач на камери итн.

Среќата му се променила кога потпишал 3 годишен договот со локална ТВ станица каде неговото лице станало препознатливо во ТВ сапуниците кои ги продуцирала оваа ТВ компанија а ги продавала во странство своите производи.

И покрај огромното богатство кое го поседува за кое изјавил дека ќе го донира, 63 годишниот актер месечно троши не повеќе од 100 долари со што за себе си има обезбедено скромен живот кој го прави среќен.

Креирано од:


Пренеси го гласот