БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Видео: Целиот настап на “Последен Удар” на Рудар Рок Фест 2022

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За себе велат дека се бенд кој твори искрена и реална музика од секојдневниот живот. Името на бендот “Последен Удар” дошол во момент на инспирација во друштво со алкохолот и за нив опстојувањето како бенд не е лесно но успеваат и понатаму да работат мотивирани од нивната креативност и потребата за забава.

Повеќе за Последен Удар може да прочитате во интервјуто кое го направивме со членовите на бендот во пресрет на овогодинешниот возобновен Рудар Рок Фест каде тие како прв бенд кој настапи на сцената пред присутната публика имаа чест да ги растераат пајажините кои беа налегнале врз звучниците на пробиштипјани.

По цели 12 години Пробиштип имаше можност пак да биде градот на кој му личи Рок музиката.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

А оваа приказна најубаво ја започнаа токму Последен Удар.

На својот беспрекорен музички настап кој човек посакува повторно и повторно да го види/слушне/доживее, Последен Удар ги отсвиреа песните од нивниот втор албум “Не сме како вас” како и песните од нивното самонасловено EP а публиката на мултинамеското игралиште во Пробиштип вредно покажа колку овој звук кој го пласираа момците од Последен Удар недостигаше во етерот над градот.

Во продолжение го пренесуваме настапот на Последен Удар пред публиката која ја имаше од цела источна Македонија таа вечер во Пробиштип

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace