БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Видео: Генерации штипјани ќе возат велосипеди и ќе рекреираат во прекрасен природен амбиент покрај Брегалница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Деновиве заврши изградбата на новата велосипедска патека покрај реката Брегалница која што беше едно од очекуваните и реализирани ветувања на градоначалникот Иван Јорданов.

Оваа велосипетска патека која доаѓа како надополнување на веќе постојната рекреативна пешачка патека во изминатите неколку денови беше асфалтирана на потегот од населбата “Балканска” до населба “8-ми Ноември” во Штип. Убавината и уникатноста на овој инфраструктурен проект е ѓто патеката е локализирана во прекрасен природен амбиент покрај реката Брегалница што ја чини ваков редок проект во регионот. Претходно беше завршена првата делница на релација од Ново Село до населба “8- ми Ноември”.

Велосипедската патека е целосно осветлена за вечерно користење на истата и е со вкупна должина од 6,5 километри. Овој проект беше утврден како приоритет на голем број штипјани кои претходно ја користеа пешачката патека а проширувањето со велосипедска патека е направено за поголема безбедност на пешаците.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение пренесуваме видео објава на градоначалникот Иван Јорданов за тоа како изгледаше процесот на изградба на самата патека.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace