На презентацијата на кандидатот за градоначалник на Делчево Д-р Николчо Стојменовски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која се одржа пред жителите на населбата Милково Брдо, свој впечатлив говор имаше и пратеничката во Македонскиот парламент г-ѓа Рашела Мизрахи.
Таа својот говор го започна со краток историјат за Делчево кој што и на многумина делчевчани не им е познат.
Таа во своето обраќање пред делчевчани ја предочи немилата слика на испразнетите дворови на делчевските куќи, зборуваше за дупките по улиците после дворовите, за недостигот на водовод и канализации низ општината, како и за трагичната судбина на изгубените животи поради неефикасното здравство под контрола на Венко Филипче и актуелната власт.
За надминување на ваквата состојба Рашела Мизрахи пред делчевчани изрази убедување дека од локалните избори државата ќе оди во парламентарни избори и пад на актуелната власт.
Целиот говор на Рашела Мизрахи од промоцијата на кандидатот за градоначалник на населбата Милково Брдо во Дelчево погледнете го во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово