По повод денешната пресуда со затворска казна од 2 години за поранешниот премиер на Република Македонија со остра реакција излезе Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Интегрално го пренесуваме текстот на прес конференцијата:
Судот по нарачка на Заев и СДСМ го суди Никола Груевски
Почитувани,
Денес го видовме тоа што сите го знаат и го гледаат откако СДСМ и Заев дојдоа на власт. Судот го спроведе тоа што Зоран Заев го напиша.
Денеска видовме во живо како функционира политички суд и како се изрекуваат политички пресуди. Го видовме на дело непринципиелниот брак помеѓу власта на Заев и судот. Бенефиците од овој брак сега се во корист на Заев, но многу брзо ќе се свртат на негова штета. Тоа оди правопропорционално со добивањето и губењето власт. Така функционира нереформираното и клиентелистичко судство.
Судот не го интересираат ниту докази, ниту факти, ниту аргументи. Судот го интересира само реализација на политичките нарачки на Зоран Заев и СДСМ за пресметка со сите кои што мислат поинаку.
Во време кога власта прифаќа секакви отстапки, во време кога граѓаните се сведоци на масовен грабеж, осиромашување и пад на економијата, судот ја прифати улогата на изршител на наредбата за дефокусирање од вистинските проблеми и сеење на страв меѓу сите кои мислат поинаку.
Пораката која што Заев и СДСМ преку судот ја испраќаат е јасна и вели дека не е важно дали има каква било основа или доказ, затоа што да бидеме искрени ова е дело на кое се смеат сите правници, важно е дека секој што се спротивставувал и ќе се спротивставува на антидржавните политики може да заврши со осудителна пресуда.
Оваа пресуда не е пресуда заради тоа што некој се стекнал со противправна имотна корист, или заради тоа што и била направена некаква штета на државата, затоа што штета нема, мерцедесот и сега се вози, не си го зема Никола Груевски дома. Ова е пресуда која има повеќе цели, тие се Никола Груевски кој беше симбол за зачувување на националните интереси, економски успеси, привлекување инвеститори, реформи, зголемување на плати, пензии, социјална помош, субвенции, градби и се друго да се засени и да биде политички дисквалификуван.
Во овие три дена македонската јавност се убеди дека во Македонија се водат чисто политички монтирани процеси. Правдата има двојни аршини.
Пред два дена, обвинителството и судот, највисоките органи задолжени за еднаквоста на правото, правдата и правната држава го ослободија од вина Зоран Заев убедувајќи ги граѓаните дека тоа што го гледаат не е така, дека снимките на кои што бара евро за Вице и евро за црквата, всушност и не го виделе и не постојат. Му го преквалификуваа обвинението и го ослободија од одговорност исто како што најавија преквалификување на обвинението за масакрот кај Смилковското езеро и како што ги ослободија осудените за случајот Сопот.
После денешната пресуда останува горчливиот вкус дека правдата не постои и е само политички инструмент. Ова што го гледаме денес не е правда, туку неправда. За сите незаконски дејствија ќе следи ревизија!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието