Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Видео: Заменик министерот за земјоделие во посета на тутунарите во прилепско

Пренеси го гласот

На првиот работен ден како заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски беше во посета на тутунарите од прилепскиот крај каде што се запозна со текот на откупот на тутунот како и проблемите на оваа глема категорија на земјоделци.

Тој во рамки на оваа работна посета ја даде сл. изјава:

“Првиот работен ден како дополнителен технички министер за земјоделство го започнувам теренски во Големо Коњари, Прилеп, на средба со тутунарите бидејќи во моментов актуелен е откупот на тутун.

Знаеме дека самата откупна сезона започна со проблеми, денешнава средба ќе ја искористам и од позиција на дополнителен заменик министер да поразговараме и да видиме во наредниов период што можеме од позиција на техничка Влада во ова предизборие да направиме во интерес на тутунарите и на останатите земјоделци.

Сакам да најавам дека во наредниве сто дена ќе дадам се од себе да се спречат злоупотребите, манипулациите и омаловажувањето на земјоделците ширум Република Македонија и дека во нас ќе имаат силен партнер кој што ќе се погрижи да го добијат тоа што го заслужуваат.

Сакам да упатам еден апел до сите земјоделци дека во наредниве сто дена нема село кое што нема да го посетам, нема рака земјоделска која што нема да ја стегнам и повторно, како и во минатото, ќе бидеме партнер на земјоделците во Македонија.

bregalnickimarketing

Идната Влада која што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ заедно новиот премиер Христијан Мицкоски веќе има подготвено обемна програма со бројни реални проекти кои ќе ги реализираме и со тоа ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец.”

-рече Цветан Трипуновски од Прилеп.

Креирано од:


Пренеси го гласот