Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Викендов на Голак можеше да се види срамот и неспособноста на актуелните власти на СДСМ

Пренеси го гласот

“Секоја зима иста приказна на Голак!

И после 6 години градоначалствување во Делчево на Горан Трајковски, туризмот на Голак “блеска” со јадење сувемеснато на хауба и пиење лименки од багажник на автомобили. Оние граѓани кои што во снежните соспи успеаа да дојдат до заборавениот туристички центар на Голак освен живопосните и возбудливи пејсажи немаа никаква туристичка понуда на свое располагање.

Наместо Голак да биде гордост на секој еден граѓанин на Делчево, место со кое сите ќе се гордееме, денес Голак беше само уште една планина без било какви туристички капацитети, покриена со снег која сведочи за неспособноста на властите за нејзин развој и креирање на економски бенефит.

Делчевчани денес наместо да скијаат на современа ски патека и да се возат со модерен ски лифт кои се проектирани уште во 2016 година, тие за рекреација туркаа автомобили во затрупаниот снег на Голак.

Наместо делчевчани денес да се стоплат со топли напитоци во некој нов отворен хотелски комплекс или во зградата на некогашното детско одмаралиште, како што Горан Трајковски ветуваше во минатото, денес делчевчани се топлеа со пијалоци од нивните багажници на автомобилите.

Денес наместо брза и ефикасна зимска служба да го расчистеше патот и пешачките површини на планината Голак за да можат делчевчани целосно да уживаат во живописната природа, надлежните власти на СДСМ ги немаше никаде во јавност веројатно изненадени од големите врнежи на снег на Голак.

Денес на Голак го видовме целиот срам нанесен од неспособноста, неодговорноста и лагите на Горан Трајковски и неговиот шеф Димитар Ковачевски.

Последните врнежи на снег на планината Голак немо сведочат за лошите политики на актуелната власт на СДСМ во Делчево.

Наместо развој СДСМ за Голак донесе ЗАБОРАВ. Наместо нови работни места (меѓу кои и на Голак), СДСМ донесе брутална партизација со неспособни партиски војници на колабираните локални институции.

bregalnickimarketing

Голак има потенцијал да биде развиен во модерен туристички центар кој што ќе вработи и ќе понуди егзистенција за повеќе стотици граѓани од Делчево и придвижување на економската активност за голем број локални бизниси.

Тоа е можно само со одговорни политичари, кои од првиот ден на својот мандат после наредните избори ќе се зафатат со креирање на проекти и активности кои во догледен период ќе го вратат животот на оваа наша планинска убавица.

ВМРО-ДПМНЕ има потенцијал, знаење и подготвеност тоа да го направи заедно со сите граѓани на Делчево. Борбата за подобро утре и развој на Голак почнува денес а продолжува со секој нов ден…

#Концепт800Плус#ВМРОДПМНЕ#ЗаДелчево#ПроектиЗаГраѓаните

-реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатена преку социјалните мрежи

Креирано од:


Пренеси го гласот