БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Виктор А.К.А. Башлак: ОРВЕЛИЗАМ

Пренеси го гласот

Мислам дека е време да го откриеме целиот заплет околу политичката состојба во Македонија и тоа Заевизам да го пречкртаме и конечно да го насловиме, ова време од политичка дистанца, со неговото вистинско име.

Имено, ако Никола Груевски беше диктаторот и ако народот беше стока, Македонија во сите тие години беше “Велепоседничката фарма”, а после “Шарената револуција” и ослободувањето од диктатурата, Зоран Заев го прави другарот Наполеон. “Кучињата” кои на секое негодување на критичарите р`жат се секако СЈО, а сите медиуми собрани околу “другарот Наполеон” се олицетворение на “Сквилер” кои постојано за сите неуспеси на другарот наоѓаат некое акстремно глупаво оправдување и го обвинуваат предходниот сопственик на фармата. Но, некаде лошо тргна работата и неуспеаа, иако се напишано дел по дел тие не спроведоа се до крај.

“Големиот Брат те гледа”, како прв дел од проектот оди како подмачкано. Се пратат facebook и Instagram профили, се преслушкуваат телефони, Viber комуникација, се прати поштата. Успеваат да го доведат народот до изгладнување и сиромаштија, го доведоа дури и до момент кога би ги продале и своите деца, внуцу, сопруги и сопружници само за да ги задоволат потребите за храна и вода. Единствено не им успеа третиот дел од планот, а тоа е да ги натераат луѓето да го засакаат “Големиот Брат”. Пробаа секако, со сите методи, со се она што ги плаши луѓето, но ете нешто тргна наопаку и не успеаа.

Доказ дека не успеаа е прославата за титулата на Вардар, народот не е покорен, не го сака “Големиот Брат” или пак преку скандирањето “Ајде Заев пуши ми го к***в” го засакаа на начин на кој “Другарот” не сака да биде сакан, па сега следиме по медиумите дека “кучињата” повторно р`жат, па дури најавија дека ќе бараат игли во сеното.

На што се темели неуспехот на третата фаза од планот на Големиот Брат ? Дали во собата 101 нема толку способен “О`Браен” ? Дали методите не чинат и се од минатото време, или пак се е до народот ?

Токму така, се е до народот кој не се плаши од ништо, кој не би потклекнал пред ништо што можи да го натера да го засака “Големиот Брат” кој му го уништи достоинството, угледот, кој му го зеде идентитетот и карактеристиките на народот да се нарече народ.

Нема таков “О`Браен” кој можи да го натера овој народ да го засака “Големиот Брат”. Нема таков “Сквилер” кој можи да го убеди народот дека порано, со предходното раководство на “Фармата” животот беше потежок отколку сега кога на власт дојде другарот “Наполеон”. Овој народ е мудар и од постајаните премрежја оцврстел и ојачал до таа мера што ниту една идна пропаганда неможи да го помести од шините.

bregalnickimarketing

Сонот на “Мајор” за подобар и слободен живот, во духот на правдата, еднаквоста и љубовта и понатаму продолжува да живее во македонскиот народ. Се надевам дека во иднина ќе имаме мудри челници кои ќе ги почитуваат и ценат своите граѓани и ќе се борат со сета своја сила, интегритет и во текот на целата своја политичка кариера, за враќање на карактеристиките на македонскиот народ, за да може да се нарече народ, за категорично отфрлање на договорот од Преспа.

И да, ова не е Заевизам, ова денес е класичен Орвелизам, кој за жал и така напишан и на тацна подарен не се способни до крај да го спроведат, бидејќи народот не ја сака власта, народот ја сака правдата и слободата.

Пишува: Виктор А.К.А. Башлак

Креирано од:


Пренеси го гласот