Тринаесет земји, членки на ЕУ, барале датум за отпочнување на преговорите за прием на Македонија во ЕУ. Она што треба да се нотира се следниве две работи.
(1) Не се бара прием на Македонија во ЕУ, току само о т п о ч н у в а њ е на преговорите за прием во ЕУ. Разликата помеѓу барањето за отпочнување на преговори за прием во ЕУ и стварен, вистински прием во ЕУ е иста со разликата помеѓу она што само се посакува, замислува или сонува и она што стварнио постои. Оваа разлика е еднаква на разликата помеѓу мислењето/замисленото и самото битие – постоењето!
(2) Дури и да се бара прием на Македонија во ЕУ, ништо суштински не се менува, бидејќи доволно е само една земја – точно така, само една земја! – да постави в е т о за приемот во ЕУ и сè е завршено. Правото на вето, колку и да изгледа демократско, сепак е право на моќниот, бидејќи слабиот, зависен од моќниот, никогаш нема да се одлучи на вето, т.е. да го стопира она што моќниот го наумил.
Накусо, прстот во устата и понатаму е единствената извесност.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР
Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците
Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот