Што дочекавме…
Министер за образование да не знае што се случува со учениците и со наставниците.
И на крај пак за да речат дека учениците се криви, учениците се неодговорни, не носат маски, не држат растојание.
Значи ние како ученици приморани сме да носиме цел ден маска на лице, да почитуваме протоколи, да држиме настава со отворени прозорци, а истиот тој министер да не знае што се случува???
Ова нешто не е нормално. Ваков министер за образование нас не ни е потребен. Ако не знае колкава е бројката на ученици што се имаат заразено, тогаш нас кој ќе ни гарантира дека нема да се заразиме, кој ќе ни гарантира дека нема да се разболиме на минусни температури со отворени прозорци??? Пак ќе речам, за неспособните само ОСТАВКА и ништо друго, затоа што седнати на фотелја в топло многу е лесно да се даваат закони и протоколи.
Во време кога на ден имаме повеќе од 2.000 заразени, ние приморани сме в гимназија преку 900 ученици да се мешаме и притоа да не знаеме кој е заразен а кој здрав. Доволно е еден да се зарази и да прошета во некое училиште, и за полесно да поминат пак ќе речат дека учениците не носеле маска па затоа се заразиле.Инаку кога е сдс на власт ништо не ме чуди и ништо не може да ми биде чудно, затоа што човек од истрошен кадар не може да очекува некоја си способност. Додуша секогаш полесно е кога ќе се удри во образованието, и онака во време на сдс учениците се тие кои што трпат најголема штета.
-И штом од здрава и цврста држава, станавме забетонирана држава каде што први сме во се, и тоа
-Први по тоа каде што криминалци се пуштаат на слобода, а невини луѓе на правдина лежат по 15 години затвор
-Први со забетониран идентитет
-Први со наметнато име – “северна”
-Први во вршење криминал и корупција
-Први во уништено образование
-Први во бришење на историјата
-Први по смртност и пропаднато здравство
-Први по невработеност
-Први во иселување на младите од Македонија
…и тоа се благодарение на оваа нелегитимна и Мафијашка власт со нејзините неспособни министри, кои што врска си немаат од животот–
За истрошени и неписмени министри само ОСТАВКА и ништо друго
#ОставкаИОдговорностМораДаСеИма
-пишува: Викторија Никодиноска
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тресокот кој го разградува нашиот државнички капацитет како Македонски народ
Државата повторно на граѓаните: Ова се досегашните забележителни резултати на МВР во борбата за сузбивање на т.н. висока корупција
“Сите на купче”