-1944 година Британците дозволиле Македонците да имаат држава, но да биде ограничена само во рамките на Југославија, се распаѓа Југославија повторно се отвора македонското прашање, како нерешено прашање. 26-7 години да ви наметнува Европа, не Грција, спор за името, да ве именува со референцата ФИРОМ, а да не го кажува ваште уставно име, тоа знак дека фактички вас не ве признаваат, како народ не ви даваат право на државност, тоа е страшно што ни се случува, изјави Ачковска.
https://www.youtube.com/watch?v=zk56E70Fe3A
Таа кажа дека води битка против било какви договори кои ги склучила било која Влада, не само акутелната.
-Таквите договори и сега овој кој се склучи со Софија, и тој ќе биде уште пострашен со Грција, се договори на штета на македонската нација, на штета на македонскиот идентитет. Јас нема да учествувам во ниту една комисија која е на штета на македонската нација и на македонскиот народ, за ништо, со ништо не можат да ми понудат нити заплашат да учествувам во една таква комисија. Сметам дека секоја таква комисија ќе работи во интерес на некаква политика, со која треба македонците да бидат губитници, да им се избрише име, јазик, идентитет. А ако ви го избришат името, ви го одземат јазикот, ви го уништат идентитетот, што сте вие, зомби, човек без лик, вие немате лик, изјави Ачковска.
Ачковска се осврна и за Самоиловата држава, која Македонците ја сметаат за македонска средновековна држава, а Бугарите ја третираат како западно бугарско царство.
-Таа држава е создадена со востание на словенските племиња како што стои во документите, против бугарската власт во тој период. Значи таа држава, на четворица комутипулеи, Самоил со неговите синови и кнезови, е создадена со востание против бугарската власт, изјави Ачковска.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026