БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вистината за Пописната Невистина‚ – Анализа на Проф. Д-р. Благица Новковска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Организацијата НовАсном со голема загриженост ги следеше околностите пред, за време и после пописот во Република Македонија, одржан во 2021 година, како и резултатите од истиот, знаејќи дека пописот е  најважната статистичка операција која придонесува за подобро формулирање на економски, социјални, здравствени и други политики се со цел подобрување на животот на граѓаните на една земја.  

Во нашиот случај, пописот има и додатна улога, го регулира политичкото носење на одлуки и уредување на нашата држава како што е одредено со Охридскиот договор и имплементирано во Уставот и низа закони.  

Организацијата НовАсном, е во постојана борба за вистината, праведноста и стручноста да бидат на прво место, а посебно кога станува збор за методолијата, организацијата на пописот како и пописните резултати.  

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За таа цел, ја контактиравме Благица Новковска, универзитетски професор  и поранешен директор на Државниот завод за статистика, врвен независен, надворешен, самостоен експерт, која има долгогодишно искуство во статистичката област и ја замоливме да изготви експертска анализа на пописните резултати.  

Наодите од деталната анализата за жал се погубни. На пример, за 392 866 лица наведени во вкупно попишани недостасуваат бараните податоци, освен неколку, коишто се содржат во ЕМБГ (датум, место на раѓање и пол).  

На основа на деталната анализа, организацијата НовАсном има цврст став, дека таканаречениот попис е скандалозна лага на векот и најголема трагична измама во Република Македонија, грда манипулација од најголеми размери со која, оваа одродничка власта на СДС и ДУИ договорија бројки што не ја отсликуваат реалната состојба во државата и дијаспората. Секоја одлука која се базира на последниот попис е погрешна, нереална и невистинита и цврсто ќе се спротиставиме на истата.  Затоа, сметаме дека итно е потребен нов, комплетен и вистинит попис, кој ќе се спроведе со целосно запазување на меѓународните стандарди од таа област и што ќе даде реална пописна слика за населението во нашата држава.  

Повелете превземете го документот ‘Вистината за Пописната Невистина’ од нашата вебстраница и уверете се во лакрдијата наречена Попис 2021 што и нанесе огромни штети на Република Македонија.  

Во исто време ја повикуваме експертската фела детално го анализира документот и да најде контра аргумент на наведените заклучоци во ‘Вистината за Пописната Невистина’.  

-интегрален текст на соопштение упатено до јавноста на НОВАСНОМ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace