БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вкус кој ќе ве маѓепса – Торта од малина со бело чоколадо

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Бидете првиот кој ќе го проба овој неодолив вкус кој ќе ве маѓепса, а воедно и ќе ги воодушеви вашите најблиски. Овој летен вкус лесно ќе ве убеди да се заљубите во него, па ќе морате често да го подготвувате како најдобриот летен десерт на вашата трпеза.

Потребни состојки:

За подлогата:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
  • 120 грама бадеми
  • 6 урми
  • 20 грама кокосов путер
  • 1/2 кесичка ванилин шеќер

За кремот од бело чоколадо

  • 240 грама индиски ореви
  • 60 милилитри лимонов сок
  • 60 милилитри мед
  • 50 грама кокосов путер
  • 60 грама какао путер
  • 1/2 кесичка ванилин шеќер
  • Прстофат сол

За преливот од малина:

  • 250 грама малини
  • 3 лажици мед
  • 60 грама какао путер

Начин на подготовка:

За подлогата:

Отстранете ги семките од урмите и исечкајте ги на мали парчиња. Растопете го кокосовиот путер на 46 степени. Изматете ги бадемите со ванилиниот шеќер, така што ќе добиете крупно брашно. Додајте ги урмите и матете додека не се соединат. На крајот, додајте го и растопениот кокосов путер и матете додека не добиете смеса што се лепи. Наместете ја подлогата во калап за торта, претходно прекриен со хартија за печење и ставете го воа фрижидер.

За кремот од бело чоколадо:

Потопете ги индиските ореви во вода и оставете ги да отстојат околу 2 часа. Потоа исцедете ги и измијте ги. Растопете ги на тивок оган какаото и кокосовиот путер. Останатите состојки ставете ги во блендер и матете додека не добиете мазна смеса. На крајот додајте го какаото и кокосовиот путер и матете уште малку. Сипете го кремот во сад и ставете го на топло место додека не завршите со преливот од малини.

За преливот од малини:

Ако користите замрзнати малини, претходно растопете ги. Тие треба да бидат на собна температура за да не го згуснат какао путерот. Најпрво во блендер изматете ги сите состојки за преливот освен какао путерот, кој ќе го додадете на крајот откако ќе добиете мазна смеса. Изматете уште еднаш и со путерот.

За тортата:

Извадете ја подлогата од замрзнувач и паралелно додајте ги кремот и преливот со цел да добиете разнобојна површина. Можете и да измешате со виљушка за да биде уште поинтересно. Ставете ја тортата во замрзнувач на 3-4 часа. Пред сервирање, извадете ја на собна температура околу 30-тина минути.

Креирано од:


Пренеси го гласот