Современите предизвици во Македонското здравство се и тоа како големи и повеќеслојни како резултат на децениската погрешна политика во минатото во овој значаен егзистенцијален сектор во државата. Инвестициите во јавниот здравствен систем поради тоа се секогаш добредојдени и никогаш доволни, но со приоретизација и стратешки пристап Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за една година покажа како се воспоставуваат приоритети и стабилни основи за постепен но гарантиран развој. Нивото на инвестиции во здравството со актуелната влада е пред се во човечкиот капитал кој што работи во јавното здравство. Овде зборуваме за вистинско вреднување на трудот на здравствените работници во сите профили на експертиза, преку покачување на нивниот стандард, драстично зголемен во споредба со претходно. И овој тренд се очекува да се развива кон позитива. Но за успешно лекување а пред се дијагностика за подобро јавно здравје е потребна и најсовремена медицинска опрема која што соодветствува на најсовремените технологии во светски рамки.
Во Клиничката болница во Битола Владата и Премиерот водени од воспоставените приоритети за рана и квалитетна дијагностика на различни видови на заболувања кај граѓаните набавија нов високотехнолошки рентген апарат Fujifilm Smart X кој што според јавно достапната спецификација се вбројува во најсовремена технологија во светски рамки од овој тип. Набавката на овој медицински апарат е повеќе од добредојдена за што владата и Премиерот издвоија 7 милиони денари.
Ваквата информација во јавноста ја пренесоа од ДЗУ Клиничка болница во Битола преку социјалните мрежи:
“Со цел значајно унапредување на здравствените услуги и подобрување на дијагностичките капацитети, во Клиничката болница во Битола е инсталиран нов, современ дигитален РТГ апарат – Fujifilm Smart X, набавен со поддршка на Владата на Република Македонија и премиерот Христијан Мицкоски. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 7.000.000 денари со вклучен ДДВ.
Станува збор за високо квалитетен апарат за дигитална радиографија, монтиран на под, кој овозможува прецизно, брзо и безбедно снимање. Fujifilm Smart X е целосно дигитален, опремен со генератор од 52 kW и два панел детектори, кои испорачуваат дијагностички слики со врвен квалитет, веднаш достапни преку работната станица поврзана со ПАКС системот на болницата.
Со набавката на два детектори, целосно се избегнува ризикот од нивно оштетување, што во минатото знаеше да доведе до нефункционалност на апаратот и прекин на услугите. Сега, не постои потреба од пренесување на панелите меѓу позиции, што обезбедува постојана достапност на рентген услугите.
Најважно од сè – пациентите од Битола и Пелагонија повеќе нема да бидат упатувани во други установи поради недостапност на рентген апарат, а високиот квалитет на снимките овозможува прецизна дијагностика и побрзо започнување соодветна терапија.
Ова е уште еден конкретен резултат на новата здравствена политика и посветеноста на Владата и премиерот Мицкоски да создадат функционално, модерно и еднакво достапно јавно здравство за сите граѓани.
Клиничка болница – Битола изразува искрена благодарност до Владата на Република Македонија, а особено до премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, за неговата посветеност и грижа за персоналот и пациентите од Битола и поширокиот регион,”
-напишаа на официјалната страница на фејсбук на овој здравствен центар во МАкедонија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
По пријава на неговата 21 годишна ќерка уапсен 49 годишен жител на Свети Николе