Денеска до Основното Јавно обвинителство во Делчево Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Делчево поднесе Кривична пријава против непознат сторител за предизвикување на штета во однос на стандардот на живеење на жителите на село Ѕвегор која беше предизвикана со нефункционалноста на системот за водоснабдување на домаќинствата со вода за пиење.
Овој проблем се провлекуваше со години наназад а своја кулминација доживеа со блокадата на меѓународниот пат кој што минува низ село Ѕвегор минатата недела од страна на жителите на селото.
Само за потсетување во јавноста во мандатот кој што истекува оваа есен на актуелниот градоначалник на Делчево од редовите на СДСМ Горан Трајковски во селото беше направен обид за изградба на нова водоводна мрежа, откако претходно беше одземен од владение селскиот водовод кој што жителите на село Ѕвегор сами го граделе во минатото. Но откако завршија сите градежни активности околу изградбата на новиот водовод во селото и целата градежна оператива се повлече од терен жителите на селото не добија вода за своите домаќинства според потребните квалитет и количина а водата истекуваше неконтролирано од самиот водовод. Таквата состојба укажуваше на проблеми во однос на изведбата после кои сите надлежни органи почнаа да креваат рамења и да се прогласуваат за ненадлежни.
Откако во изминатите неколку денови Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот совет Иван Гоцевски беше во постојана комуникација со жителите на село Ѕвегор, за што реализираа и повеќе формални и неформални состаноци, беше договорено како претставници на волјата на граѓаните во делчевскиот совет , советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да поднесе Кривична пријава против непознат сторител до Основното јавно обвинителство во Делчево за истражување на причините и одговорните лица за неуспешната реализација на проектот за изведба на нов водовод а со тоа и предизвикување на штета на Буџетот на граѓаните и нарушување на нивното право на живот.
Денеска ваквата информација за поднесената пријава до ОЈО Делчево преку социјалните мрежи ја соопшти Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево Иван Гоцевски со свое видео обраќање:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево