БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владата потврди дека до 2029 година Скопје ќе добие нов ефикасен јавен транспорт на патници

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Даваме силна подршка за реализација на БРТ за Град Скопје, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и во објавата додаде:

“Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ.

На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот.   

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот.

Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје. 

Рокот за завршување на овој значаен проект е Февруари 2029 година. 

Развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување на нови сообраќајно-транспортни решенија кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.

Министерство за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително со проектот за Градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје преку кој значително ќе ја подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз” објави Николоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace