БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ говореше на Форум за безбедност во Вашингтон

Пренеси го гласот

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев во текот на вчерашниот ден се обрати на парламентарниот форум за безбедност во Вашингтон. Исто така имаше средба со американскиот сенатор Тед Круз кој што е голем пријател на Македонија.

Ваквата посета на Влатко Ѓорчев се реализира во контекст на интензивната меѓународна активност на ВМРО-ДПМНЕ со зголемени усилби за обезбедување на поддршка на Република Македонија во меѓународни рамки во сите области на општествено живеење.

Република Македонија како мала земја по територија не смее да остане изолирана како резултат на негаторските политики на соседните држава па оттука секоја соработка на меѓународен план е добредојдена за поддршка на просперитетот на земјата која треба да се развива како рамноправен член во европското и светското семејство на независни држави.

Во продолжение го пренесуваме краткото известување на Влатко Ѓорчев од овие средби и настани:

Сенатот на САД. Двајцата се обративме на парламентарниот форум за безбедност во Вашингтон.

Senator Ted Cruz е пријател на Македонија. Денес имаше одлично обраќање на форумот за безбедност.

Заеднички го градиме пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. Сенаторот Тед Круз секогаш е добар соговорник. 🇲🇰🇺🇸

Thank you Senator Cruz for your words, it is always good to see you. 

-напиша на фејсбук Влатко Ѓорчев

Креирано од:


Пренеси го гласот