БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се интензивираат заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за продлабочување на економската соработка со Франција

Пренеси го гласот

Неодамна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати во јавноста една особено оптимистичка изјава дека “најдобрите времиња за Македонија и за Македонскиот народ допрва доаѓаат”.

Денеска ваквата изјава се повеќе има логика и перспектива со оглед на интензивната меѓународна активност на ВМРО-ДПМНЕ со своите европски пријатели, партнери и потенцијални идни соработници.

Во текот на денешниот ден Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со претставници на Француската стопанска комора позната во меѓународни рамки како Медеф Интернационал. Средбата била наменета за проширување на економската соработка на Република Македонија со оваа стопанска комора, по претстојните предвремени парламентарни избори, откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превзеде власта во државата, преку реализација на капитални странски инвестиции.

Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од страна на Христијан Мицкоски:

“Денес во Париз, Република Франција, заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski и д-р Igor G. Nikolov / Игор Г. Николов остварив посета на Француската стопанска комора, Медеф Интернационал, каде членуваат едни од најголемите Француски бизнис компании со работа распространета во повеќе од 150 земји во Светот.

На средбата посочив дека новата Влада која ќе следи по изборите на 12-ти април ќе биде заинтересирана за силна и продлабочена бизнис соработка и искористување на потенцијалите на Македонија во однос на странските компании кои ќе бидат насочени кон реализација на капитални инвестиции.

Фокус на новата Влада ќе биде отворање на добро платени нови работни места, но и развој на енергетски и технолошки проекти кои ќе обезбедат модернизација на економијата и општеството.

На средбата стана збор за неколку конкретни проекти кои беа предмет на интерес на Француските компании. Посочив дека следува период на промени во Македонија и воспоставување одржлив систем на владеење со правото кој ќе гарантира сигурност на бизнис заедницата. Наш интерес е Македонија да ја претвориме во технолошки тигар на Балканот, преку процес на реформи кои ќе донесат економски бум, новата влада ќе работи за економски прогрес на сите граѓани.”

Креирано од:


Пренеси го гласот