На крајно нечовечен и перфиден начин на првиот ден од годината власта апси граѓани кои што не можат да ги платат казните за прекршување на Ковид протоколи во текот на кризата.
Вчера дијабетичар од населбата Топанско Поле во Скопје бил уапсен во својот дом на полноќ откако двајца полициски припадници од министерството што го води Оливер Спасовски му влегле дома и го привеле.
Мајката на момчето кој е градежен работник кој немал ниту еден судир со законот пред Ковид кризата, сега панично бара банка за да земе кредит за да ја плати казната со цел негово ослободување.
Момчето во текот на кризата било фатено пред влезот од зградата каде живее а каде излегло да пуши цигара по што било осудено за прекршување на Ковид мерките.
Апсењето на луѓе кои треба да платат и по 3000 евра со судски трошоци се случува додека во Собранието се подготвува Закон за амнестија за граѓаните кои не можат да ги платат казните поради непочитување на мерките за време на пандемијата.
Само во Кривичниот суд Скопје до октомври, 280 неплатени парични казни, се променети со затворски, а 205 осудени лица веќе добиле упатни акти да одат во затвор.
Во овој суд се и најголем број од граѓаните казнети поради неносење на маски, поради непочитување на мерките за изолација на почетокот и за прекршување на полицискиот час или 1223 граѓани и иницијативата за амнестија дошла од таму. Инаку во сите судови во државата за двете кривични дела парични казни добиле над 6.000 граѓани.
Дека се работи за организирана акција за приведување на луѓе кои не можат да платат покажуваат и други два примери на апсење на две други лица од Скопје кои треба да платат над 2000 евра но и фактот што по момчето од Топанско Поле откако било приведено дошла уште една полициска екипа на која и било кажано дека тоа е веќе во притвор.
Целиот текст на Експрес.Мк
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Никола Груевски со фотографија од натпреварот им го честита нерешениот резултат на репрезентативките во ракомет
Министерката Сања Божиновска во работна посета на АД ЕСМ, Подружница РЕК Осломеј
СДСМ: Безбедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев!