Мартин Стоименовски од Општинскиот комитет на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес конференција од партиското седиште во Македонска Каменица ја обвини актуелната локална власт во општината за лажни ветувања во однос на младите.
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:
“Почитувани сограѓани,
Пред две години, сегашната каменичка власт ги злоупотреби младите. Најпрво ги убедуваа дека ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски биле виновни за нивното заминување во странство, а потоа им ветуваа разни проекти со кои требаше да ги задржат дома. Ветените проекти не беа реализирани, а младите продолжија со уште помасовно иселувањето. Власта во Македонска Каменица покажа и се докажа дека приоритет пред младите имаат партиските вработувања за партиските послушници и следење на заевистичките политики кои во иднина ќе доведат до бришење на Сонцето од Кутлеш од општинското знаме. Со овие проекти сегашната каменичка власт ги лажеше младите:
- Вложување во младите преку отворање на центри за отпочнување и развој на бизниси
- Зголемен удел на младите во креирањето на локалните политики, отворена врата во општината за сите прогресивни млади, младински совети преку кои младите можат да ги пренесат своите ставови и мислења на раководните структури во општината
- Велосипедски патеки на повеќе локации
- Парк за млади
- Финансиска и нефинансиска поддршка на млади лица за отпочнување на бизнис
- Поттикнување на младите да се занимаваат со занаетчиска дејност
- Отворање на бизнис центар и развој на индустриската зона.
Од ветените проекти, брда и долини нема ниту трага ниту глас.
Почитувани сограѓани, со ваквите грешни политики на СДС младите сепомасовно се иселуваат.
Благодарам.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера